ВМРО-ДПМНЕ: Заради корумпираните СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу најкорумпираните држави во Европа
Заради корумпираните СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу најкорумпираните држави во Европа, во друштво со земји од Африка.
Македонија повторно на листата на Транспаренси е во друштво на земји како Сенегал, Виетнам, Танзанија, Етиопија.
Лошото рангирање е заради големите корупциски афери на власта.
Нерасчистено остана случајот околу трчањето по провизии од вакцини, ниту пак исчезнувањето на името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК, нема одговорност за ниту еден корупциски скандал или криминал во кој се вмешани луѓе од власта.
Ниту изминатава година не се утврди кој прислушкувал во ЈО.
Власта нема намера да се бори против корупција, таа е причинител на истата.
Потребни се коренити реформи и одлучна борба против криминалот, со СДСМ и ДУИ тоа не е можно. Затоа потребни се брзи предвремени избори, и влада која ќе биде насочена реформски и со јасна агенда за борба против корупцијата и криминалот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна