ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро за политички поени
Зоран Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско езеро за сопствени политички поени. Зоран Заев без тронка срам злоупотреби еден трагичен случај. Лажејќи ги семејствата на убиените деца, манипулирајќи со чувствата на граѓаните на Македонија, се со цел да предизвика меѓуверска омраза искористувајќи го овој случај за свои политички цели.
Каде исчезнаа лажните вести на Заев, дека невини лица лежат во затвор, каде исчезнаа така наречените бомби кои ќе ја открија вистинската приказна на Зоран Заев. После скоро 6 години од бруталните лаги од страна на „монструмот“ Заев вистината испадна на виделина. Таа е иста како претходно, сторителите на овој грозоморен чин се пред лицето на правдата.
Зоран Заев е ноторен лажго, кој е спремен на се, се со цел да добие некој ситен политички поен, или да си ја спаси сопствената кожа од одговорност.
Во минатото ширеше лажни вести и за несреќата на Никола Младенов, како и за убиецот на Мартин Нешковски, кој патем го пушти да побегне од затвор. „Монструмот“ Зоран Заев овие трагедии во минатото ги користеше во неговата партиска агенда, поигрувајќи си со чувствата на многу фамилии.
За сите овие лажни вести, ширење на меѓуверска нетрпеливост и играње со чувствата на многу Македонци, за многу брзо време Зоран Заев ќе се соочи со гневот на народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари