ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе
Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе.
Неизвесно е како ќе се произведува струја во зимскиот период. Хидро акумулациите се празни. Термоелектраните ќе увезуваат скап јаглен, за кој уште не знаеме и дали и по која цена ќе биде увезен. Додека ТЕЦ Неготино е неподготвена.
Заев ги испразни хидро акумулациите и тие се под минимумот.
Во РЕК не се копаше јаглен и претпријатието е оставено без залиха со јаглен за само неколку дена до две недели. Сега таа своја неспособност и трчање по тендери ќе ја плаќаме со увоз на скап јаглен од странство, кој ќе треба да се транспортира со камиони до РЕК Битола, тоа се 400 - 500 камиони на ден, кои ќе го оштетуваат патот, но и ќе влијаат лошо на животната средина заради целата прашина која ќе биде присутна при превозот на јагленот.
ТЕЦ Неготино не е подготвено, и се е оставено на случајности.
Власта нема план, а тоа се гледа и по кражбата на струја од европскиот систем која само за еден месец ќе не чини 15 милиони евра како држава.
Со оваа власт не чека енергетска неизвесност и криза. Оваа влада нема капацитет да се справи со кризата.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.