ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат
Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта.
Заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот ,,едно евро за Вицето'' го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија.
Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболициран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот Рекет, а уште не е повикан ниту на разговор.
Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудио документиран како мести тендер од 1.8 милиони евра.
Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ.
Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барале рекет од неколку милиони евра.
Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно, така и на локално ниво.
Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев Македонија само тапка во место. Со Заев Македонија нема иднина.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата