ВМРО-ДПМНЕ: Заев го води пиунот Ковачевски за рака, како до сега, така и од сега
Ковачевски е пиун и послушник на Заев и веќе тоа им е јасно на сите. Затоа го води за рака и го покажува како прваче, те во раководството на партијата, те во влада, те во странство. Очигледно Ковачевски е избран од менторот Заев како најдобар продолжувач на заевизмот. Пиунот Ковачевски ќе ја има улогата да ги продолжи штетните политики на Заев и да ги прикрива криминалите на својот шеф. Тоа најдобро го илустрира длабокиот и понизен поклон на Ковачевски пред Заев.
Друго од него не се очекува. Да знаел и да умеел нешто да направи добро за граѓаните ќе направел од позицијата во владата. Да размислувал поинаку од матрицата на Заев, барем еднаш ќе се побунеше за штетните и погубни политики кои ја донесоа Македонија на колена. Но пиунот Ковачевски одбрал да молчи и да слуша. Како до сега така и од сега.
Впрочем тој е лика и прилика на ЗАевизмот. Дете од транзициската олигархија кој пропагандата се обидуваше лажно да ни го прикаже како студент на Хравард, а всушност курсаџија од скап курс. Ковачевски е веројатно единствен пример на човек кој докторат одбранил во Црна Гора, а цело време работел во Македонија. Сосема случајно неговиот татко во тоа време бил амбасадор во Подгорица, кога КОвачевски неверојатно докторирал.
Ете за каков човек станува збор. Ете како заевизмот сака да продаде еден пиун како голема промена. Тоа не поминува. Зeевизмот мора да биде поразен за на Македонија да и тргне, а тоа е можно со предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер