Македонија
23. July 2017 - 9:45

ВМРО-ДПМНЕ: Владата постојано ја задолжува државата

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за постојано задолжување, бидејќи како што велат од партијата, за помалку од два месеци ја задолжила државата за 70-тина милиони евра, а оти со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра, што било повеќе од планираното.

- Откако СДС дојде на власт, започнаа долговите на Република Македонија рапидно да  растат. Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлиле долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористиле и обврски кои се уште не се доспеани за наплата, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Тевдовски само во неколку дена успеал да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи.

Граѓаните на Република Македонија, велат од партијата, имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари и дали со тие пари ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите...