ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ спроведе криминални избори
Владата на СДС спроведе криминални избори. Тоа им беше потребно за да владата на СДС и Зоран Заев продолжи да ја раскрчмува државната каса, и да ја ограбува државата. Тие ги излажаа и изманипулираа граѓаните и го прекршија ветувањето кое што го даде во предизборието дека нема да ја задолжува државата.
Владата на СДС се задолжи за над половина милијарда евра, односно неверојатни 540 милиони евра. За 5 месеци над половина милијарда евра.
Ова е потврда дека владата на Зоран Заев е неспособна влада и не може да функционира без задолжување.
Неодговорната и неграѓанска влада на СДС наместо да ги покачува пензиите, да ги зголемува платите, да отвора нови работни места и да инвестира во инфраструктурата, таа ги крати, укинува и блокира сите проекти, а на сметка на недомаќинското работење ги задолжува граѓаните на Република Македонија.
СДС не само што не ги покачи пензиите на пензионерите, туку секој пензионер го задолжи во просек од вртоглава сума за над 110.700 денари. Со ова СДС и Заев покажуваат дека не водат грижа дури ни за највозрасната категорија на граѓани.
СДС безмислоно ја задолжува државата и идните генерации, без постоење на реален основ и без да каже на што и како се трошат парите.
Државата оди во банкрот. Одговорноста за оваа кражба на државата ќе дојде и ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот