ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата
Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност?
Владата треба да плати провизии на 4 меѓународни финансиски институции кои го воделе процесот за издавање на обврзницата, тоа е обврска на власта, и тоа се пари кои сега се плаќаат без основ.
Ковачевски заради аматерскиот пристап кон процесот за издавање на еврообврзницата ја оштети државата за милиони кои треба да бидат платени на име провизии, а потоа го наруши и кредитната репутација на државата.
Која сериозна финансиска институција ќе сака да позајми пари на држава која откажува издавање на обврзница, заради политичка нестабилност во владата? И доколку позајми, каматите ќе бидат поголеми.
Лошата репутација која ја предизвика Ковачевски ќе ја следи Македонија подолг период, и потребно е време и сериозен пристап за да се исправи сликата за државата.
Нема поле на кое Ковачевски и СДС не ја посрамотија Македонија.
Потребни се промени на власта, за ваквите бламирања на државата да не продолжат да бидат пракса и во иднина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?