ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да прекине притворот за уставобранителите
„Партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава.
Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П.
Судовите го погазија принципот на непристрасност и директно ги поткопаа темелите на македонската правна држава. Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес.
Вистинските виновници кои го прекршија Уставот и законите, во моментов ги водат институциите на Република Македонија. Уметниците, пратениците, полициски службеници не се терористи.
Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков и останатите приведени се жртва на политички прогон само заради нивната храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта на Заев.
Судиите кои донесоа одлука за продолжување на притворот на искрените и чесни патриоти, уставобранители, се срам за судството и владеењето на правото.
Одлуката на Апелациониот суд е скандалозна и не се темели на факти и докази.
ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш овој политички монтиран случај да биде повлечен, а притворот за уставобранителите мора веднаш да прекине.
Судот стана алатка за политичка инквизиција која и се случува на Република Македонија. Судот е директен учесник во раздорот и продлабочувањето на кризата кои произлегуваат од катастрофалните политики на владата на СДСМ.
Наместо да се придвижуваме кон Евроатланскиот пат, СДСМ со водење на ваква срамна и самоуништувачка политика, со монтирање и фабрикување на монтирани судски кривични постапки ја оддалечува Република Македонија и нејзините граѓани од европските стандарди“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта