ВМРО-ДПМНЕ: Стоп за манипулациите и деструкциите
ВМРО-ДПМНЕ смета дека по обелоденувањето на информациите за тоа како точно Сорос ги финансира неговите, како што велат од партијата, платеници, узурпираните невладини од т.н. граѓански сектор во Македонија се веќе прочитана книга и оти конечно паднале маските во Македонија. Потенцираат дека е време за десороизација и запирање на деструкциите и манипулациите.
- Преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица, СДСМ и Сорос се посветени и добро платени за мисијата за уништување на демократијата во Македонија и сузбивање на секое мислење кое соросовите инсталации ќе го проценат како неподобно. Невладината пешадија од киднапираниот и злоупотребен граѓански сектор од страна на Сорос во политички цели и за корист на СДСМ, и во Македонија и насекаде на планетата има ист начин на делување. Агресија, антидемократија и обиди за насилно рушење на власт избрана од мнозинството граѓани, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа во него се додава дека во САД стотици демонстранти биле приведени и им се закануваат драконски казни за нивното учество во вандалските протести, додека, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија шарените платеници на Сорос/СДСМ повредиле речиси 50 полицајци, но дека „насилниците на опозицијата кои наводно протестирале за еднаквост и правда, бегаат од одговорноста и законските казни за сите вандалски чинови кои ги сторија за време на дивеењето низ Македонија“.
При тие протести, се вели во соопштението, биле уништувани и палени споменици на културата, државен имот и била нанесена штета од повеќе стотици илјади евра, само затоа што невладините на Сорос ималеа зададена задача да одиграат во корист на СДСМ.
- СДСМ/Сорос во Македонија го урнисаа граѓанскиот сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат и дека таквиот начин веќе не поминува и оти е време за десоросоизација бидејќи македонскиот народ на изборите на 11 декември им кажал „Не“ на деструкцијата и манипулациите.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените