ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски нема други проекти, па промовира чизми
Оливер Спасовски немајќи со што да биде актуелен и немајќи проекти зад својата работа, денес тој промовираше чизми, и тоа донирани, на фанфари, со медиуми. Точно, тој промовираше и јавно се пофали со чизми кои не се инвестиција на владата туку донација од друга држава.
Промоцијата на чизми е врвен показател за владината неспособност.
Додека наместо да се фали со работи кои треба да му бидат негова вообичаена обврска, новите полицајци немаат униформа и ја набавуваат со сопствени средства. Ова се прави во време кога владата троши илјадници евра пари за набавка на морски плодови, лешници, бадеми, ф'стаци. Владата ја враќа Македонија во деведесетите, кога главен дострел беше промоција на некоја донација и помош. Очигледно нема со што друго да се пофали.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница