ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски многу повеќе го интересирал прогонот и реваншизмот отколку професионалното работење
Партискиот реваншизам на Спасовски ги чинел граѓаните четири милиони евра на годишно ниво. Оливер Спасовски вчера пред целата македонска јавност потврди дека како прв човек на МВР потрошил 4 милиони евра за исплата на штети по однос на тужби поднесени против него и МВР. Спасовски го чинел македонскиот граѓанин 4 милиони евра поради неговото незаконско работење и несовесно раководење со министерството.
Ова е потврда дека Спасовски многу повеќе го интересирал прогонот и реваншизмот отколку професионалното работење. Стотици професионалци беа уназадени и по неколку скалила само поради тоа што не го поддржуваа криминалното работење на Спасовски. Државата загуби професионален кадар во кој со години и децении инвестираше милиони евра, само поради личните хирови на Спасовски.
Признанието на Спасовски не е доволно. Тој мора да ги врати парите за кои го оштети буџетот. Набргу тој ќе се најде на обвинителна клупа и ќе мора да објасни кој давал налози за да се делат решенија спротивно на законот. Ќе мора да одговараат и оние кои му помагале за да се знае точно кој одобрувал или не одобрувал прекувремени работни часови.
Ќе се дознаат мотивите за неговото незаконско работење, но што е најважно парите ќе мора да ги врати.
Ќе одговара и тој и соучесниците кои му помагале во злоупотребата на службената положба. По 12 април ќе се врати правдата во Република Македонија и ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот!
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување