ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски до крај да ја спроведе истрагата за возачките дозволи
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го охрабрува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовси да поднесе кривична против одговорните во германската компанија која ги произвела и испорачала обрасците за возачки дозволи, кои имале несоодветни сериски броеви.
ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата на денешната прес-конференција, го охрабрува, како што се наведува, технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовси до крај да ја спроведе истрагата и во најкус можен рок да и објасни на македонската и германската јавност зошто германската компанија одлучила да изработи по втор пат бланко обрасци за возачки дозволи со исти сериски броеви.
- Од Оливер Спасовски очекуваме во најкус можен рок да одговори кој и дал наредба на германската компанија да ги изработи по втор пат обрасците за возачки дозволи со исти сериски броеви како обрасци кои биле претходно испорачани во Македонија. Оливер Спасовски денеска уште еднаш покажа колку е неспособен и се посрамоти себеси и партијата која ја претставува и докажа дека не е министер за внатрешни работи туку е дел од Фабриката за продуцирање афери на СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра