ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Зоран Заев
За луѓе кои немаат никакви чувствува кон македонскиот идентитет, историја традиција и култура, нема ништо болно и тешко во бришење на името Република Македонија.
За мнозинството Македонци ова претставува национален срам и предавство.
Зоран Заев нема проблеми еден ден да гарантира дека нема да го менувал Уставот бидејќи бил одличен и европски, а веднаш потоа да прифати се што побарала Грција од него. Нема проблем заради тоа што измамникот Заев знае дека мора да ги продава државните и национални интереси за да ги покрие криминалните тендери преку кои Вице и Кочо ги ограбуваат граѓаните.
Зоран Заев лаже, а кој лаже тој и краде.
Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија. Тој не поседува никакви демократски капацитети, а уште помалку европски вредности. Тоа јасно го покажа кога како на тезга со корупција, уцени и закани обезбедуваше мнозинство во парламентот. Заев е одговорен за газењето на уставот, законите, демократските процедури и принципи и најважно од се газењето на волјата на граѓаните.
Со тоа само создаде дополнителни поделби во општеството и ја наелектризира целокупната состојба во државата и за тоа единствено одговорен е Зоран Заев и криминалниот картел на власт.
Тој мисли дека со пари, уцени и закани може да купи се, но не може да ја купи волјата на граѓаните.
Целокупниот процес поврзан со штетниот и капитулантски Преспански договор беше нетранспарентен и очекуваме да продолжи на истиот начин . Тоа граѓаните веќе јасно го видоа од овој човек и тоа граѓаните ќе го казнат порано или покасно.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка