ВМРО-ДПМНЕ: Со менувањето на учебниците по географија се прави газење на историјата
Премиерот Зоран Заев со најавата за менувањето на учебниците по географија прави своеглаво газење на историјата на оваа земја, иако им вети на македонскиот народ дека ништо нема да се менува.
Наместо да ја менува историјата во учебниците само за да го задржи своето место на политичката сцена во Република Македонија, го повикуваме веднаш да почне консултации со научната јавност во државата.
Дали е ова обид за уште еднаш бришење на македонската културна посебност?
Во оваа држава постои Институт за историја, постои научна фела, постојат илјадници научно-истражувачки трудови, постои државна архива каде со факти се докажува постоењето на овој народ. Прочитајте барем една страница од небројниот тон страници пишувани на оваа тема, за нештата да ви станат појасни.
Сепак можеле да бидат и емотивни, а кога треба да се преговара од име на целиот народ за нашиот македонски идентитет треба да бидеме рационални.
Ја повикуваме министерката Царовска и нејзиниот шеф, Зоран Заев, веднаш да престанат со менување на македонската историја. Веднаш да престанат со играњето со чувствата на овој народ и конечно да почнат да се занимаваат со реални проблеми. Историските факти не може да се сменат само заради сочување на функционерската фотеља на Царовска и Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци