ВМРО-ДПМНЕ: Со кратењето пари од образованието ќе се уназадат генерации деца
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ со новиот ребаланс во буџетот крати 453.800.000 денари, пари наменети за основно и средно образование, со што, како што велат од партијата, ќе уназади генерации млади деца.
- Со ова во основното и средното образование се блокираат инфраструктурни проекти, се кратат пари за реновирање и изградба на основни и средни училишта, се укинуваат пари за изградба на спортски сали во основни и средни училишта, се укинуваат и пари наменети за интегрирани училници за основното и средното образование со кои би се подобрил квалитетот на образованието на учениците, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде, дека иако од СДСМ велеле дека најмногу ќе вложат во образованието, со посоченото кратење потврдуваат дека немаат намера да вложуваат и да го развиваат образованието.
- Со самото тоа што кратат дури 453.800.000 денари од образованието, тие потврдуваат дека за нив инвестирањето во образованието е расфрлање. Инвестирањето во образованието е непотребен трошок, а набавката на октоподи, морска храна и цвеќиња очигледно е потребен трошок за функционерите на СДС. Ова е начинот на владеење на СДС. Ова е образовната политика која ја нуди СДС на државата. Со овие антиреформи на СДС, ние се враќаме 20 години наназад, рече Стојаноски.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!