ВМРО-ДПМНЕ: Штетите од заевизмот во енергетиката, народот ги плаќа два пати, преку буџет и преку повисоки сметки
Поради неспособноста и неодговорноста на кадрите на заевизмот, каков што е пиунот Ковачевски, граѓаните плаќаат 15% поскапо парно и струја.
Доколку кадрите на заевизмот навреме ископуваа домашен јаглен и не ги исушија акумулациите, и ги користеа за производство на домашна струја, денес немаше народот да плаќа толку скапа струја. Наместо да произведуваат домашна електрична енергија која е 3-4 пати поевтина од увозната, тие беа фрлени на коруптивни зделки и криминални тендери. Својата неспособност во енергетиката ја покриваа со десетици милиони евра буџетски пари на граѓаните, за да на крај секое домаќинство втор пат да плати преку повисоки сметки кои достигаат по најмалку 1.500 денари повеќе.
Доколку кадрите на заевизмот навреме обезбедеа поевтин гас немаше да има потреба парното да поскапува и да се случува топлинска криза. Напротив тие тогаш се занимаваа со внатрепартиски и политички игри и сега повторно со пари од граѓаните преку буџетот ќе ја покриваат својата неспособност.
Очигледно дека заевизмот чиј носител сега е пиунот Ковачевски продолжуваат со практиката, штетите што ги прават од лошите политики да ги покриваат со народни пари.
Стандардот на граѓаните тоне поради заевизмот и ликови како Ковачевски. Потребно е итно справување со заевизмот на предвремени парламентарни избори, како прва мерка со справувањето со кризите кои тој ги создаде.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува