ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос 20 години го приватизира и уништува НВО секторот
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос 20 години го приватизираат и уништуваат НВО секторот во Македонија и оти поради тоа е потребна негова итна десороизација.
- СДСМ/Сорос толку ги потценија граѓаните и забегаа, што меѓу себе си склучуваа платформи и коалиции, а се обидуваат да глумат некаков невладин граѓански сектор. Фондација Отворено Општество Македонија, Младински образовен форум, Метаморфозис, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, ЏЕФ Македонија и останатите десетици невладини кои потпишаа договор со СДСМ се само маша на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку која коалицијата СДСМ/Сорос го уништува невладиниот сектор 20 години, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие, како што ги нарекуваат од партијата квази-граѓански организации, „палеле и уништувале за време на платеничката револуција лажејќи дека се борат за правда, а беа предводени од аболицираниот Зоран Заев“.
- Истите квази-граѓански организации одмолчија и замижаа кога Јанева по втор пат го аболицираше криминалецот Заев. Лицемерието најдобро се гледа во случаите на Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски, кои наместо борба за правда, донираа илјадници евра на контото на партијата предводена од криминалец кој целата јавност го гледа како бара поткуп, освен неговите поданици на платните списоци на Сорос/СДСМ, се вели во соопштението.
Во него се додава дека сетоа наведено е најдобар показател зошто во Македонија е неопходен и итен процесот на десоросоизација.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки