ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака политички попис, не прифатија фингерпринт терминали, и одат на попис со однапред договорени бројки
СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно население. Доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем со употреба на фингерпринт терминали.
Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки.
Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без дополнителна проверка.
Дека СДСМ не сака реален попис е доказ и дека ги одбија сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа за цел подобрување на законот за попис.
Се што прави власта е на сила и на штета на граѓаните. Дополнително на се, власта не се откажува од пописот, иако во време на пандемија тој е исклучително опасен. Имено од попис се откажаа држави како Германија, Србија и други, но не и Заев.
После се разумот е последното нешто кое го очекуваме од Заев, но затоа го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис и да го спречи овој фалсификат во обид.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови