ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи и бега од избори
Две недели СДСМ молчи и бега од избори. Власта е соочена со стравот од пораз на предвремени парламентарни избори и ја носи државата во пропаст заради нечија лична амбиција да остане уште на власт за да продолжи да ја краде државата и народот.
ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува ЦО на СДСМ да собере сили и да покаже барем малку одговорност кон државата и граѓаните и да изгласа предлог за распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.
СДСМ не смее повеќе да бега. Хаосот во кој ја втурнаа Македонија станува се поголем. СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот.
Две години откако власт е СДСМ, целата држава е во црнила. Наместо покачување на платите и пензиите, слушаме како владините министри се закануваат со намалување.
Власта наместо да овозможи пријатна бизнис клима воведува нови регулативи и повисоки даноци за фирмите и граѓаните. Засегнати се и пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај, а власта размислува како од нив да земе денар плус.
Државата и граѓаните се доведени до раб на пропаст. Црнила во образованието, здравството, земјоделието, безбедноста и во сите други сегменти. Нема нешто во државата што СДСМ не го растури.
Хаосот не смее да продолжи. Потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за Македонија да победи!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
-
Елмедин Конаковиќ најави протестни ноти до земјите што беа против резолуцијата за Сребреница