ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има обврска да го брани македонскиот идентитет
СДСМ не смее да си поигрува со највисоките национални и државни интереси и да се однесува несериозно по прашања како што е проблемот кој Грција го има со нашето име и има обврска да се бори и да го брани македонскиот идентитет, бидејќи сега ја води Владата и Министерството за надворешни работи, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение.
- Една конфузна и незрела изјава на новиот министер за надворешни работи Никола Димитров во Фајненшл Тајмс, покрена лавина реакции во меѓународните медиуми кои сериозно ги подриваат тешко градените позиции во спорот со Грција. Фајненшл тајмс, Гардијан, Тагесцајтунг се само дел од влијателните светски медиуми кои пишуваа дека Македонија е подготвена и размислува за промена на името. Истите позиции ги пренесуваат и други весници, а сето тоа се злоупотребува од страна на нашите соседи. Бугарскиот историчар Божидар Димитров срамно лицитира со имиња од типот „југозападна Бугарија“, а СДС упорно молчи наместо да го штити угледот и честа на македонскиот народ и држава, се вели во соопштението.
Се додава дека одбраната на македонските интереси не смее да се сведе на намалување на очекувањата.
- СДС вети брзо членство во ЕУ и НАТО. Не смее посетата на Заев во Брисел да се сведе само на одмрзнување на препораката за членство во ЕУ. Македонија тоа го имаше шест години по ред, а последните две години препораката е условена токму заради кризата во која што СДС ја втурна земјава. СДС мора да го оствари ветувањето и да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и да склучува договори на штета на македонскиот народ, се потенцира во соопштнието од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите