ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да прифати намалување на ДДВ-то за струја од 18% на 5% да остане и во иднина
Предлог решението на СДСМ за намалување на ДДВ-то за струјата е со рок на траење од една година, а после тоа уште една година со ДДВ од 10% за по две години од сега истото да се врати пак на 18%.
Ценовниот шок кој би дошол денес, ќе дојде за една година од сега. Се што прави СДСМ е само премостување на периодот пред избори, со цел граѓаните да не се соочат со високи сметки пред избори, туку во период по избори. Токму затоа СДСМ се неискрени и манипулативни.
Наместо политикантски решенија СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да се изгласа со законска измена намалувањето на ДДВ на струја да остане и во иднина.
Народот не треба да го плаќа покачувањето кое дојде како ефект на крадењето и лошото работење во енергетиката.
Време е за одговорно однесување. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски