ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да ја партизира државата
Премиерот Зоран Заев и СДСМ почнаа да ги реализираат ветувањата дека Македонија ќе ја направат партиска држава, а оти тоа ќе го платат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од Буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
- Деца на коалициски партнери на Заев, комедијанти кои глумеле објективни критичари, граѓани кои глумеле независни и невладини корективи на власта - сите денес се вработени во Владата и се платени со стотици милиони денари пари на граѓаните. Без квалификации и без критериум, освен тоа дека одработувале на интересите на Заев и ги манипулирале граѓаните, изјави денеска на прес-конференција Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо 500 евра плата за сите граѓани, додаде, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулирале граѓаните во негова корист.
- Народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава, рече Колариќ.
Потенцира дека за само месец и половина, СДСМ започнала да воспоставува режим во Република Македонија, но оти отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија