ВМРО-ДПМНЕ: Рушењето на Галијата е чист предизборен маркетинг на Шилегов
Рушењето на Галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво.
А само да потсетиме дека на скопјани им ветуваше подземен тунел под Кале, нови булевари, мостови и паркови.
Третата работа која што е поврзана со градење а го има печатот на Петре Шилегов е зградата дивоградба која што ја изгради во време на неговиот мандат во скопски Карпош.
Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери.
Затоа Петре Шилегов освен тоа што ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник и ќе биде меѓу првите кои што кривично ќе одговараат за она што им го направи на скопјани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети