ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на министерката Ташевска-Ременски
Пензионерите се уште една категорија граѓани за кои СДСМ дозна благодарение на работата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките и реформите кои се преземани за подобрување на квалитетот на живот на овие групи граѓани, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски.
- Денешната изјава на Ременски е очаен обид за прикривање на бркањето на 44 Роми од Прифатниот центар Гевгелија. СДСМ не знаеше дека постојат пензионери и кога беше на власт. Тотално ги заборави овие граѓани и нивните потреби, освен кога требаше да им ги намали пензиите за 8 проценти. СДСМ ги делеше пензионерите во 3 категории и им доцнеше со исплаќањето на пензиите, се вели во реакцијата.
Партијата посочува дека од септември 2008 година пензиите се исплатуваат секоја прва седмица од месецот и оти просечната пензија е зголемена за 70,29 проценти, односно од 7.683 денари во 2006 година на 13.083 денари минатата година.
Осврнувајќи се на проектите наменети за оваа категорија граѓани, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека покрај бањско-климатската рекреација започнато е и спроведувањето на проектот „Бесплатен туристички викенд“, обезбеден е бесплатен превоз за пензионерите во јавниот соообраќај, воведен е бесплатен викенд еднаш во месецот, отворени се дневни центри за стари лица, донесен е пакет поволности за израдба на приватни домови за стари лица и овозможено е бесплатно болничко лекување на корисници на пензија со износ на пензија до 12.600 денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата