Македонија
14. March 2021 - 11:03

ВМРО-ДПМНЕ: Путеро го нема, провизиите стоо

Путеро го нема провизиите стоо. Стоо и 5 камиони шверцан тутун за кој никој не одговара, но важно е Николовски заплени 60 пакувања путер.

Државата тоне во криминал. Немаме вакцини. Народот останува без леб на улица, а наместо конкретни чекори од страна на власта, тие си играат мајтап.

Николовски треба да одговара за сите криминали, за целата штета која ја направи на Македонија. Додека тој се мајтапи со јавноста, шлеперите на неговите блиски шверцаат тутун, си ги вработува роднините, а брат му книжи огромни профити.

Додека СДСМ си игра држава, Македонија тоне.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ