ВМРО-ДПМНЕ: Прва одлука на Ковачевски - набавка на златни чинии за јадење вредна 140 месечни плати
Стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски.
Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра.
Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.
Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.
Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.
Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата