ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за одземање на штабовите е диктирана од СДСМ
Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН.
Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот.
Пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот.
Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ.
Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата.
За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН.
СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование.
Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија.
СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз?
Институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб.
Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја
-
Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата, за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство
-
На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот