ВМРО-ДПМНЕ: Пресот на СДСМ алиби за измени на Законот за јазиците
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на која СДСМ најави поголема грижа и унапредување на статусот на македонскиот јазик, оценувајќи го тоа како дволичност затоа што од друга страна СДСМ прифатила официјализирање на албанскиот јазик како втор службен согласно тиранската платформа.
- Денешниот прес на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен алиби за претстојните измени на Законот за јазиците во Република Македонија што како дел од Тиранската платформа безусловно ја прифати нивниот лидер Зоран Заев. Токму таа Тиранска платформа предвидува целосна двојазичност на територијата на Македонија, а сега Заев и СДС се обидуваат да ја релативизираат и покриваат со некаква наводна грижа за македонскиот јазик преку семинари, одбори и доработки на електронски бази. Ќе беше добро доколку наместо купиштата изречени лаги и веќе слушнати флоскули, Роберт Алаѓозовски пред јавноста го објавеше веќе договорениот и усогласен текст на предлог законот за јазици кој неколку месеци го крие од граѓаните на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата во реакцијата пишува дека во време на нејзиното владеење реализирани се конкретни проекти, како новото издание на Правописот на македонскиот јазик кој, како што наведува, се носи после првото издание од 1945 година.
- Дополнително се реализира превод на македонски јазик на 1.200 наслови на современа стручна и научна литература, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, набројувајќи и други капитални проекти од издавачката дејност - „Ѕвезди на светската книжевност” со 560 врвни дела од светската книжевност, Антологијата на литературата за деца и млади, Антологискиот приказ на македонската книжевност преведен на шест странски јазици, едициите „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“, „Светско книжевно наследство“, „Македонски искушенија“...
Исто така, посочува ВМРО-ДПМНЕ, се испраќаат наставници по македонски јазик во странство, со цел македонските државјани во другите земји да можат да се едуцираат на македонски јазик.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија
-
Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
-
Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“