ВМРО-ДПМНЕ: Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица
Граѓаните на кои Филипче требаше да им обезбеди вакцини, заминаа во Србија да се вакцинираат.
Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица.
Секој ден има четирицифрени бројки на заразени.
И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира.
Сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е високо на листата на починати од корона на милион жители, е пораз на Филипче и Заев.
Оттука тоа што за денес има пратка на вакцини не значи ништо. Никој ништо не очекува веќе од Заев и Филипче.
Единствено што се очекува и бара од нив е да си заминат и да одговараат за злоделата и за негрижата на здравјето на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
За пациентките од крајниот исток нема можност за преглед на мамограф во ЈЗУ
-
Во Брисел нема расположение за уставни измени со одолжено дејство, но предлогот не е ниту одбиен
-
Дурмиши: Цените се намалени за 5 до 10 %, есенската кошничка месечно заштедува до 1300 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Можни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Mожни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ
-
Преглед на вестите од светот