ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност за починатите бебиња на ГАК
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара случајот со починатите бебиња на Клиниката за гинекологија да се расветли до крај и побара одговорност од надлежните.
- Скандалот мора да биде испитан до крај. Не смее да се прикрива ништо, истакна на прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека партијата предупредувала дека со СДСМ со брутална партизација на институциите и со поставување на, како што кажа, некомпетентни партиски кадри државата ја турка во хаос.
- ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само заради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици, рече Андоновска.
Обвини дека Министерството за здравство прикрива уште еден случај на починато бебе на Клиниката на гинекологија, покрај тројката новороденчиња. Андоновска праша зошто ГАК и Министерството за здравство го премолчија случајот и што се случува на Клиниката кога за само три дена починале четири бебиња. Одговорност, како што кажа, мора да има.
Според Андоновска, здравството е во хаос и ако кај одговорните во овој ресор има грам морал и доблест, ќе си поднесат оставка и ќе си заминат од оваа професија.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип