Македонија
18. December 2019 - 13:10

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски се уште не е излезен од чевлите на СДСМ

Од денешното обраќање на претседателот Пендаровски очекувавме да се обиде да гради мостови, но тој денеска ги продлабочи поделбите во општеството и уште еднаш потврди дека се уште не е излезен од чевлите на СДСМ,  порача пратеникот Илија Димовски во името на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. 
 
"Денеска слушнавме многу празни зборови, но не слушнавме за конкретни активности на претседателот во изминатите 7 месеци. Слушнавме многу прогнози, но не слушнавме лек. На Пендаровски очигледно му е многу покомотна улогата на портпарол на Владата и СДСМ бидејќи во неговиот говор преовладуваа оправдувања за лошите владини политики.
 
Со нашето присуство и коректниот однос за време на неговото обраќање ние пруживме рака за обединување, но разочарани сме од сето она што беше кажано" порача пратеникот Димовски по годишното обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието
 
Деспина Тодоровска