ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е индиго препис на претседател, по налог на Ковачевски и Ахмети потпиша измени на КЗ во секунда
Стево Пендаровски е индиго препис на претседател, по налог на Ковачевски и Ахмети потпиша измени на КЗ во секунда.
Пендаровски ги фрли во корпа сите тези на владеење на право и правна држава.
Попусто се обидува Пендаровски да глуми дека има некаков став, кога му беа потребни само неколку секунди да ги потпише измените во КЗ. Пендаровски е слободен да има свој став, се додека Ковачевски и Ахмети не му кажат поинаку, од тука можеби и му доаѓа нервозата, која ја разбираме, но не ја оправдуваме.
Дури се сомневаме дека во последно време претпоставува што би биле барањата на Ковачевски и Ахмети, па пробува од прва да го има истиот став.
Пендаровски е тој кој кажа дека бугарскиот диктат е всушност негов, т.е. тој го составил.
Пендаровски цел мандат нема направено ништо добро, но затоа има направено штета која со години ќе треба да се санира.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер