ВМРО-ДПМНЕ: Никој не сака да остане на бродот кој тоне заради криминалот на Ковачевски
Заради криминалот на Ковачевски мнозинството се намалува, по Алтернатива излезе и Демократски сојуз, никој не сака да остане на бродот кој тоне.
Ковачевски и Ахмети ја одржуваат коалицијата на тендери, криминал и непотизам. И Ковачевски знае дека Ахмети го спасува за да завршат што повеќе тендери, за личен профит, а тој пак е спремен на секакви отстапки само за да продолжи и тој заедно со Ахмети во грабежот на Македонија.
Се повеќе пратеници од СДС гласно зборуваат дека не се согласуваат со политиките на Ковачевски, и самиот тој знае дека никој не ги одобрува неговите постапки, и затоа со закани и притисоци ги држи во страв.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до пратениците од власта, сите оние кои во изминатиов период покажаа разум и поинакви ставови од ова раководство да му застанат на патот на истото, бидејќи по промени на власта на Македонија ќе и треба СДС како опозиција, но стабилно СДС, кое има силни национални и државни политики, знаеме дека во СДС има луѓе кои истото тоа го сакаат, и само тие може да ја спречат нивната партија да не се растури по претстојните парламентарни избори, а најлесен начин за тоа е да му кажат не на Ковачевски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје