ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта
Без да биде изведена на обвинителна клупа главата на октоподот, правдата нема да биде задоволена во случајот Рекет.
Доколку највисоките владини функционери бидат амнестирани за овој мега политичко-медиумско-
Нема човек во земјава на кого не му е јасно дека Боки 13, Зоран Милевски Кичеец или Катица Јанева, немале капацитет само да ја смислат целата рекетарска шема, а уште помалку имале моќ да ја реализираат.
Јасно е како бел ден дека највисоките структури на власта, стојат зад нивниот пријател Боки 13 со кого имаа редовни фотосесии.
Со Зоран Заев на власт Македонија стана препознатлива по криминал, корупција и рекет.
Аферата Рекет е најголемиот криминален случај во независна Македонија. Аферата Рекет е доказ за криминогеноста на Зоран Заев и власта. Таа е потврда за спрегата помеѓу судството, обвинителството и власта.
6 месеци откако е пријавен случајот нема разрешница. Со месеци се развлекуваше приведувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец, за кои видовме дека во обвинителството имало фото и видео документирани докази, но не постапи се додека снимките не беа објавени во медиумите.
Беше потребно јавноста од странски медиум да ја слушне Катица Јанева како ветува слобода на обвинет во предмет од СЈО за и таа да се најде зад решетки.
Медиумите изнесоа бројни детали а социјалните мрежи зовреа за на крај ЈО да ја повика Фросина Ременски. Се губеа и уништуваа телефони и исчезнуваа торби Луј Витон полни со евра.
Развлекувањето на случајот Рекет е апсолутен доказ дека Зоран Заев е главата на октоподот, а ЈО , судот и органите на системот се само неговите пипци.
Ефикасна разрешница на Рекет не може да има се додека Зоран Заев е на власт, бидејќи тој е причината, а не лекот за проблемот, наречен криминогена власт.
Правда ќе има и одговорност ќе има по 12 април, кога ќе почне обновата на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место