ВМРО-ДПМНЕ: Не поминуваат лажните и нереални ветувања на СДСМ
Мерките што денеска ги промовира СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ се само дел од Памфлетот кој партијата го нарекува програма и збир од нереални проекти, без рокови, финансиски импликации и тоа граѓаните го видоа и затоа им испорачаа десетти изборен пораз по ред.
- Мнозинството од граѓаните јасно кажаа на 11 декември дека нема да дозволат да бидат излажани од СДСМ. Граѓаните не дозволија да им се случи нов 15 септември 2002 година, кога СДСМ, но и Заев и Шекеринска ветуваа вработување на еден член од секое семејство. Граѓаните многу добро знаат дека СДСМ кога се во опозиција им тече мед и млеко од уста, а кога доаѓаат на власт се се претвора во пелин, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.
Граѓаните, велат од партијата, ги паметат годините 2002 до 2006 кога СДСМ можел нешто да направи за нив, но оти тогаш платите и пензиите се крателе, работниците се отпуштале од работа и невработеноста пораснала до рекордни 39 проценти.
- Тогаш се противеа на концептот за минимална плата, тогаш за земјоделците не се издвојуваше ниту евро, даноците растеа, народните пари наместо за здравство завршуваа за бисери или за тендери за партиски фирми и уште десетици и десетици други катастрофални политики, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа дека СДСМ не се променил доволно, според партијата, доволно е да се погледне работата на општина Струмица.
Таму велат од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на СДСМ Зоран Заев создал мрежа од семејни фирми на кои, како што се вели во реакцијата, им дели тендери, направил фиктивна гасификација за да испумпува пари во партиски фирми, направил криминал тежок 8 милиони евра за кој бил аболициран, а најавил фабрики и вработувања кои се уште не се реализирани.
Ново на Сител
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик