Македонија
16. August 2021 - 9:56

ВМРО-ДПМНЕ: Народот е против дискриминаторските мерки за корона

Народот крена глас против  Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки.

Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите.

Народот пак воопшто не го слушаат!

Доцнеа со подготовка на здравствениот систем, кој пак се уште не е подготвен ни за 4-тиот бран.

Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден.

Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ