ВМРО-ДПМНЕ: Над 80 проценти од граѓаните се против уставните измени под бугарски диктат
СДС го игнорира својот народ и ги игнорира експертите. Тоа е големиот проблем на СДС. Над 80% од граѓаните се против уставните измени под бугарски диктат и условувања кои оваа власт на Ковачевски ги тера на сила.
Во државата главен суверен е народот и тој одлучува, но тоа СДС не сака да го види. Тие одат спротивно на волјата на огромното мнозинство на граѓаните. Впрочем и затоа бегаат од избори и соочување со народот како што ѓавол бега од темјан.
Неспособната дипломатија на СДС сака нивниот неуспех да го прикаже како победа. Ниту обезбедија гаранции од нови апсурдни пречки на евроинтегративниот пат, ниту обезбедија историските прашања да бидат надвор од рамката, ниту овозможија Македонија да има фер шанса како и сите други земји преку исполнување на Копенхашките критериуми да го оди европскиот пат.
Затоа удрија во ѕид. Двотретинско мнозинство немаат. Ги повикуваме да си ги скратат маките и да ги стават предлог измените на гласање. Тука нека заврши нивната агонија, а потоа на избори граѓаните нека одлучат чиј концепт ќе го поддржат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада