ВМРО-ДПМНЕ: Мерките кои ги воведоа Заев и Филипче веќе не се од никаква помош
Венко Филипче и Зоран Заев, и покрај тоа што четвртиот бран гази во Македонија и има дневно повеќе од илјада заболени, се без компас.
И не само што има голем број на заболени во едно деноноќие, и не само што опозицијата и експертите предупредуваа, Заев и Филипче не направија ништо.
Здравствениот систем не беше подготвен ни за првите три брана на корона, не е подготвен ниту за овој четврти. И како би бил кога ништо не направија како што треба.
Мерките кои ги воведоа, а дел и ќе ги воведуваат од први септември освен што внесуваат конфузија и што се во насока на уништување на економијата, секторот угостителството, веќе не се од никаква помош за намалување на бројките на заболените.
Заев и Филипче единствено се вешти за земање на провизии.
Друго се што прават е уништување. Сега ја уништуваат економијата, а не се организирани да ги згрижат пациентите, уште помалку да се намали бројката на заболени.
Затоа веќе не се чека одговор од нив, туку заминување од функциите.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР