ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, не постои систем за заштита
Македонија гори поради неспособноста на Заев, а тој дава интервјуа по регионални медиуми.
Зоран Заев во регионот покажа дека откако тој е на власт не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, Заев ги остави на цедило граѓаните.
Зоран Заев е најголемиот лажов, тој без срам ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, сега нуди мини шенген Македонија. Членството во големото европско семејство на држави нема алтернатива во една регионална соработка, која патем не е целосна.
Заев ветуваше пред да дојде на власт на граѓаните бесплатно здравство од Европската Унија, а се сведе на попуст на кафе и преспивање во Србија и Албанија. Тоа граѓаните не го очекуваа од Зоран Заев.
Европската Унија поради криминалите, корупцијата и лагите на Заев станува се подалечна. Македонија со Заев е најлоша во Европа во борбата против корупцијата и ја има најкорумпираната влада во Европа.
Наместо конкретни унапредувања на системот, Заев става европски знамиња на закони како тој за марихуана со цел да си обезбеди бенефит на семејниот бизнис. Заев од Европа признава само европско знаменце на законот за марихуана за неговата фабрика.
Од власта на Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од нив јавноста бара одговорност!
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал