ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи да се договорат, ќе се продолжи важењето на пасошите или не?
Ковачевски и Османи да се договорат кој став е официјален, може да се продолжи важењето на пасошите или не? Или Ковачевски нека прашува пред време во ДУИ што може да каже во јавноста, а што не, па да не го брукаат отпосле министрите кои по хиерархија му се подредени.
Или даваме шанса, Ковачевски да изреагира соодветно на позицијата и јавно да го укори Османи.
Одамна знаеме дека Ковачевски нема авторитет во сопствената партија, но веќе сите гледаат дека нема авторитет ни во сопствената влада.
Откако првин се „кошкаше“ со Пендаровски кој да се јави во Грција, кој кажа дека тоа е работа на владата и дека тој нема да се јави, сега доби ладен туш од Османи, дека и тој нема да се јави.
Дали Ковачевски уште останува на ставот дека е во ред иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен суд или и за тоа добил укор, па и тој став ќе го промени.
Единствено што добија граѓаните од СДС и ДУИ, Ковачевски, Пендаровски и Османи е понижувања, порази и трошоци. Никогаш не се живеело полошо. Важно е да ги поразиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?