ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди за 20% повисоки плати во здравството
ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира новата влада ќе ги подобри здравствениот систем.
СДСМ за овие 3 години го уназади здравствениот систем, а министерот ќе остане запаметен само по делење на тендери по пријателска и партиска линија.
Ова уништување на здравствениот систем ќе заврши по 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе формира влада.
ВМРО-ДПМНЕ предвидува низа мерки кои ќе помогнат за задржување на здравствениот персонал во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова со која ќе обезбеди за 20% повисоки плати во здравството за сите. Мора да имаме задоволни вработени во здравствениот систем кои ќе ја градат својата иднина тука во државата. Затоа се предвидува линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.
Истовремено ВМРО-ДПМНЕ се обврзува веднаш во првите 100 дена да интервенира во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство.
ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа се обврзува и на обнова со која што ќе овозможи утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства. Со тоа ќе се заштити нивниот стандард и ќе се поттикнат истите тие да се развиваат. За Оние кои преставуваат иднина на македонското здравство мора се да се направи за да бидат задоволни и да имаат платен труд.
ВМРО-ДПМНЕ обновата на здравствениот систем ќе ја започне по 12-ти април со реални мерки.
Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДС е глас за криминалот кој мора да биде поразен. СДС не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната
транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри