Македонија
5. September 2017 - 16:22

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ за градоначалници нема да донесат бенефит за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција оценува дека кандидатите на СДСМ за следните локални избори нема да донесат никаков бенефит за граѓаните.

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ за кандидати нуди ликови кои се вмешани во афери и кои немаат никакви реализирани проекти и дела зад себе. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите на СДСМ како Петре Шилегов, Стефан Богоев, Филип Темелковски и Златко Марин нема ништо ново да им понудат на граѓаните на Град Скопје.   

- Незадоволството и разочарувањето од кандидатите е видливо и во членството на СДС. Веќе гласно се критикува кадровата политика на СДС од страна на јавните личности кои досега ја подржуваа шарената револуција. Давањето лажни ветувања е главна карактеристика на сите кандидати на СДС досега, но кога ќе дојдат на власт си го покажуваат нивното лице, вели ВМРО-ДПМНЕ.