ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е дека СДСМ нема пратеници за уставни измени, а Ковачевски бега од избори како ѓавол од темјан
СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно. Свесни се дека ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори.
А СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан. Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат.
Затоа СДСМ и Ковачевски бегаат и се кријат, манипулирајќи и одложувајќи ги процесите само за да добијат некој ден повеќе на власт.
Е тој ден повеќе на власт го користат за криминални тендери, коруптивни зделки, лично богатење и грабеж на народните пари. Оваа власт нема никакви европски вредности, ниту пак принципи, туку се поврзани само со лични криминогени интереси.
Оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. Во интерес на државата е што поскоро на предвремени избори овие луѓе да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје