Бизнис
23. August 2017 - 19:59

ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на патот Градско-Дреново е проект на претходната Влада

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференција на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски наведува дека изградбата на патот Градско-Дреново е проект за кој предходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ аплицираше преку ИПА фонодвите, наменети за транспорт.

- Средствата во висина од 35,4 милиони евра за изградба на делницата Градско-Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт, наведуваат во реакцијата и додаваат дека тендерот е објавен благодарение на грантот што го обезбеди токму ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ  за СДСМ секојдневие е да  се фалат со проекти кои ги има реализирано и започнато ВМРО-ДПМНЕ.

- СДС и Сугарески за изминатите 80 дена, ниту нешто имаат започнато, ниту нешто имаат рализирано како проект. СДС и Сугарески наместо да се фалат и одржуваат прес-конференции за туѓи проекти, треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа, наведуваат во реакцијата.