ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не живеат подобро во споредба со лани
Граѓаните не живеат подобро во споредба со лани и секој човек во Македонија тоа го чувствува на своја кожа. Џабе им се манипулациите и статистичките шминки на Владата и на министерството за финансии кога трошоците за живот и цените растат, а стандардот на граѓани опаѓа.
Дека се работи за манипулација со статистичката методологија говори и фактот што економијата стагнира и тоа е доволен доказ дека не може платите да растат, бидејќи тоа е спротивно на секоја економска логика и економска теорија.
Министерот за финансии на прес-конференција објави три дејности каде забележал поголем пораст на просечно исплатена плата: Производство на кожа (7,3), Производство на облека (8,9) и Производство на текстил (12,1). Што е тука не логично. Во две од овие три дејности Државниот завод за статистика објави дека има пад во индустриското производство, односно кожарството се намалило во јануари за 7,6%, производството на облека се намалило за 0,3%, додека единствено раст забележува производството на текстил. Кога тоне одредена индустрија зголемување на платите е илузорно, а доколку постои некаков раст тоа е вештачки и не придонесува кон раст.
На крајот на краиштата ако приходите во буџетот се толку позитивни како што прикажува Владата на Заев, тогаш зошто во само два месеци од оваа година ја задолжија Македонија за околу 570 милиони евра, односно секое семејство во овие два месеци Заев, Анѓушев и Тевдовски го задолжиле за околу 1200 евра.
Очигледна е статистичката гимнастика која Заев и екипата околу него ја прават, да покажат дека постои раст во услови кога економските показатели тонат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол