ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Штип вчера јасно ставија на знаење дека не поддржуваат менување на Устав
Вчера граѓаните на Штип уште еднаш покажаа дека не го поддржуваат Зоран Заев и неговите штетни политики. Вчера Штип не даде поддршка за штетниот капитулантски договор со Грција кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја.
Граѓаните на Штип вчера јасно му ставија на Заев дека не поддржуваат менување на Устав и дека срамниот договор на Заев е капитулација каква што не прифатил ниту еден политичар до сега. Вчера Штип уште еднаш покажа дека има државотворен капацитет да процени кој политичар работи против интересите на граѓаните и државата. Синоќа штипјани не излегоа да дадат поддршка на Заев и неговата срамна политика и затоа СДСМ беа принудени да носат нивни членови од други градови.
Пораката е јасна, граѓаните на Штип никогаш нема да прифатат, ниту да ги поддржат распродавање на националните интереси се со цел прикривање на криминалот во кој се впуштени Заев и неговите соработници. Штип не поддржува криминални тендери и злоупотреби на народните пари. Граѓаните не даваат поддршка на политичари кои го лажат и го делат народот. Интерес на сите граѓани е просперитетна и економски силна Македонија. Но тоа не може да го направи Заев на кој тендерите за блиските соработници му се поважни од иднината на државата.
Интерес на граѓаните е интегрирана Република Македонија во ЕУ и НАТО. Тоа е интерес на најголемиот број на граѓани, кои поддржуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Но во ЕУ и НАТО може да не внесат политичари кои поседуваат и практикуваат европски вредности. А таков политичар не е Зоран Заев. Не е европска вредност доделување на тендери вредни милиони евра на фирми кои се формирани една недела пред да го добијат тендерот.
Доделување на градежно земјиште не е европска вредност кон која треба да се стремиме исто како што не е европска вредност и корупцијата што оваа власт ја распространи во секоја област.
Не е европска вредност катастрофалната состојба во здравството каде секој ден има нов смртен случај.
Не е европска вредност негрижата кон земјоделците кои мака мачат со откупот. Не е европска вредност игнорирањето на интересите на младите и партиските вработувања кои овие месеци се случуваат.
Во оваа власт нема ништо европско освен нивното постојано говорење за ЕУ преку кое се обидуваат да ги покријат сите не европски штетни и криминални политики. Политики кои не носат раст и напредок, кои не обезбедуваат економски раст и развој и кои не работат за интересите на граѓаните.
Токму затоа граѓаните вчера испратија порака дека не ја поддржуваат оваа гарнитура и дека Заев и СДСМ не може да не однесат во ЕУ затоа што не работат според принципите на ЕУ и не ги делат европските вредности. Затоа Заев ја нема поддршката од граѓаните, кои ги прочитаа неговите лаги и манипулации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник: Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години