ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет единствено со заминување на СДСМ од власт
Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава не очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња.
Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа.
Катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а власта удри и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живеачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.
И додека не бираат начин како да го земат последниот денар од џебот на граѓаните, продолжуваат рапидно да не задолжуваат.
Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст. Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните.
Катастрофите мора да завршат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. За Македонија мора да изгрее зората.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија