Македонија
11. August 2021 - 9:04

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев воведуваат мерки што водат кон поделби

Филипче и Заев воведуваат фашистички мерки кои водат кон поделби, тоа се мерки кои ја уништуваат економијата, угостителството го водат во бездна

На прагот на нов корона бран и повторно несоодветни, фашистички мерки смислени од Зоран Заев и Венко Филипче. Фашистички мерки кои водат само кон поделби меѓу граѓаните.

Мерки кои од една страна ги дискриминираат граѓаните, или дозволено им е влез во кафуле, да седнат на пример на ручек на лицата кои имаат прележано корона. Ова ќе биде ексклузивно право на оние кои се вакцинирани.

За Заев и за Филипче постојат само вакцинираните, оние кои прележале корона и ја поминаа голготата да преживеат, ја поминуваа низ здравствениот систем кој во ниту еден момент не беше организиран, туку беше во целосен хаос.

Заев и Филипче со новите мерки предизвикуваат и економски колапс на малите бизниси, на угостителството. Луѓето кои работат во овој сектор ги туркаат во бездна, ги уништуваат.

Но, тоа е она што може да направи тандемот Заев – Филипче да ги дискриминира граѓаните, да ги уништува бизнисите, економијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може Заев и Филипче да ги дискриминираат.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на почитување на протоколите, ама силно се противи на уништување на економијата и на цел сектор од неа, сектор од кој живеат многу граѓани и се влеваат пари во Буџетот.

Политиките на Заев и Филипче секогаш водат кон пропаст, затоа мора да се стави крај на нивното штетно делување, во конкретниов случај дискриминирање на граѓаните и уништување на економијата и цел сектор од неа угостителството.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ