Македонија
8. April 2025 - 12:27

Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора

Премиерот Мицкоски побара од Судскиот совет да го разгледа постапувањето на судијата Ељведин Ферати кој вчера пресуди две годишна затворска казна за возачот кој ја прегази Теодора на пешачки премин во Тетово.

На конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата Премиерот рече дека ваквите одлуки на судовите се причина за ниската доверба во правосудството и дека општеството со право изразува незадоволство. Порача дека лично ќе го следи овој случај и дека очекува секој што постапил спротивно на законите соодветно да одговара